Меѓународен натпревар во поезија Замокот на Дуино

Happyness in Trieste!

XVI МЕЃУНАРОДЕН ПОЕТСКИ КОНКУРС

ЗАМОКОТ ДУИНО
ОПШТИ ПРАВИЛА

  • Конкурсот е отворен за млади автори до 31-годишна возраст.
  • Учеството е бесплатно.
  • Натпреварот е тематски определен.

Рок за категорија I: Индивидуално учество, 30 ноември 2019-та

Рок за категорија II: Театарски дијалог или монолог, 10 декември 2019-та

Рок за категорија III: Училишни и колективни проекти, 31 декември 2019

Тема на XVI издание:

„HOMO FABER: СЛОБОДА И СУДБИНА“

Човекот и Созданието: откако човештвото ги презеде карактеристиките предзначени со класификацијата homo faber, мажите и жените со својата креативност, капацитет и интелект изградија свет во кој ја изразуваат сопствената слобода, која понекогаш од нив создава робови на непосакувана судбина.

Поезијата со својата песна на чар или очај е дел од оваа извонредна приказна и умее да ја рефлектира.

Освен овие сугестии, темата може да потпадне под слободен третман од страна на авторот согласно неговата инспирација.

Дозволено е учество во една или повеќе од следниве категории:

  1. НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ
  • Учесниците треба да пратат само една, необјавена и ненаградена песна (до максимум 35 стиха)
  • Песните може да се поднесат во мајчиниот јазик на авторите, но неопходен е дополнителен превод на еден од следниве јазици: англиски, шпански, француски или италијански.
  • Меѓународна жири-комисија ќе ги оцени песните напишани на мајчиниот јазик на учесниците.

Краен рок за испраќање на песните е 30 ноември 2019.

А) Префериран облик на испраќање на песните е по електронска пошта на castelloduinopoesia@gmail.com.

Ве молиме да ја искористите формата за аплицирање (види подолу) во пораката и песната, прикачена на пораката во формат .word или .rtf. Сите останати формати ќе останат неразгледани.

Не е неопходно да се потпише и скенира апликацијата сѐ додека податоците се внесени во формата.

Or filling in the form:

(send your poem in your language!)

 

Б) Песните може да се испратат и по пошта на адреса: 

Prof. Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21,

34138, Трст, Италија.

Што се однесува до крајниот рок, ќе биде земена предвид датата на поштенскиот печат; песните нема да бидат земени предвид откако жири-комисијата отпочне со разгледување на песните (набргу по крајниот рок за испраќање).

Награди:

  • Прва награда: €1000
  • Втора награда: €750
  • Трета награда: €500
  • Во согласност со целта на натпреварот за обединување на солидарноста и поезијата, победниците ќе изберат хуманитарна кауза за која би издвоиле дел од наградата (€200 прворангираниот, €150 второрангираниот и €100 треторангираниот). 
  • Медал на Претседателот на Италијанската Република / или Специјална награда на жирито за песна со одредена социјално-хуманитарна вредност
  • Награда „Sergio Penco“ за најдобра песна од автор помлад од 16 години
  • Пехари и слични награди за други песни оценети како вредни.
  • Песните на победниците заедно со избор од најдобрите песни ќе бидат објавени бесплатно во италијански и англиски превод во збирка која што ќе биде отпечатена од издавачката куќа Battello Stampatore Trieste. Песните исто така ќе бидат снимени на изворниот јазик и ќе бидат објавени на YouTube.
  • Специјални споменувања и помали награди за поетите помлади од 16 години.
  1. НЕОБЈАВЕНИ ДРАМСКИ ИЗВАДОЦИ: МОНОЛОГ ИЛИ ДИЈАЛОГ МЕЃУ ДВАЈЦА
  • Необјавен и ненаграден драмски текст (монолог или дијалог меѓу двајца) со максимална должина од 5 страници (не повеќе од 10 000 характери).
  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН Е ДОБАР ПРЕВОД НА ИТАЛИЈАНСКИ. ДЕЛАТА НЕМА ДА БИДАТ ЗЕМЕНИ ПРЕДВИД ВО ОРИГИНАЛНИОТ ЈАЗИК НА КОЈ СЕ НАПИШАНИ ТУКУ ЕДИНСТВЕНО ВО ИТАЛИЈАНСКАТА ВЕРЗИЈА.

Краен рок за испраќање на драмските извадоци е 10 декември 2019.

А) Префериран облик на испраќање на песните е по електронска пошта на castelloduinopoesia@gmail.com.

Ве молиме да ја искористите формата за аплицирање (види подолу) во пораката и песната, прикачена на пораката во формат .word или .rtf. Сите останати формати ќе останат неразгледани.

Б) Песните може да се испратат и по пошта на адреса: 

Prof. Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21,

34138, Трст, Италија.

Што се однесува до крајниот рок, ќе биде земена предвид датата на поштенскиот печат; песните нема да бидат земени предвид откако жири-комисијата отпочне со разгледување на песните (набргу по крајниот рок за испраќање).

Не е неопходно да се потпише и скенира апликацијата сѐ додека податоците се внесени во формата.

Награди:

Жири-комисијата ќе одреди тројца победници кои ќе бидат наградени со објавување, пехари и плакети. Жирито ги задржува правата да избере и други драмски текстови со посебна вредност. Најдобрите драмски текстови ќе бидат изведени на значајна градска локација во рамки на настаните од церемонијата на доделување на наградите.

  1. КАТЕГОРИЈА УЧИЛИШНИ ПРОЕКТИ – РОК: 31 ДЕКЕМВРИ 2019

Жири-комисијата ќе одреди најдобри поетски проекти кои ќе претставуваат колективно дело на училиштата (ученици и наставници):

Награди:

  • Прва награда: €500 кои ќе бидат подарени во хуманитарна кауза избрана од наградените ученици и наставници.
  • Други помали награди.

За наградените или оние кои ќе добијат признание училишта или групи, кои ќе присуствуваат во Трст за церемонијата на доделување на наградите, ќе биде организирана целодневна програма која ќе вклучува читање и перформанс на различни локации. Учениците ќе имаат прилика да ги читаат своите песни, а наставниците ќе ги објаснат проектите.

Официјалната награда ќе биде доделена на наставниците во рамки на Церемонијата во Замокот Дуино.

Проектите треба да бидат испратени по пошта на следнава адреса:

Prof. Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21,

34138, Трст, Италија.

Дополнително може да се испратат и по електронска пошта на castelloduinopoesia@gmail.com.

Што се однесува до крајниот рок, ќе биде земена предвид датата на поштенскиот печат; песните нема да бидат земени предвид откако жири-комисијата отпочне со разгледување на песните (набргу по крајниот рок за испраќање).

ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Листата на победници ќе биде објавена на сајтот на натпреварот: www.castellodiduinopoesia.org.

Победниците ќе бидат информирани преку e-mail, телефон или обична објава.

Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 29 март 2020-та во Замокот Дуино.

Форма за аплицирање (Категорија I. и II.)

Име и презиме:

Дата на раѓање:

Националност:

Адреса:

Град:

Држава:

Телефонски број:

E-mail:

Наслов на делото:

Изјави: (изјавите на бидат на мајчиниот и на англиски јазик)

Изјавувам дека делото ____________________ е мое оригинално дело, никогаш не било наградено или објавено.

Давам дозвола за можно објавување и презентација пред публика.

Изјавувам дека не сум претплатен/а на SIAE или слични друштва кои ги штитат авторските права.

Statements:

I declare that the work….………………………..is my original work, has never been prized and is unpublished.

I give my permission to its possible publication and presentation to the general audience

I declare that I have not subscribed to SIAE nor to any other similar Societies, which protect copyrights.

Форма за аплицирање (Категорија III. – училишта)

Име и презиме на наставник:

Училиште:

Листа на ученици кои учествуваат:

Адреса на училиштето:

Град:

Држава:

Телефонски број:

E-mail на училиштето:

E-mail на наставникот:

Изјави: (изјавите на бидат на мајчиниот и на англиски јазик)

Изјавувам дека делото ____________________ е оригинално дело, никогаш не било наградено или објавено.

Давам дозвола за можно објавување и презентација пред публика.

Изјавувам дека авторите не се претплатени на SIAE или слични друштва кои ги штитат авторските права.

Statements:

I declare that the work….     ….is an original work, has never been prized and is unpublished.

I give  permission to its possible publication and presentation to the general audience

I declare that the authors have not subscribed to SIAE nor to any other similar Societies, which protect copyrights.

Информации:

Prof. Gabriella Valera Gruber, Via Matteotti 21, 34138 Трст, Италија

Телефонски број: 0039 040 638787

E-Mail castelloduinopoesia@gmail.com

www.castellodiduinopoesia.org